Поднесени 5.300 барања за субвенции

Bez autora
Aug 18 2010

Вкупно 5.300 земјоделски производители од Струмичкиот регион годинава поднеле барања за субвенции. Повеќето апликации се за поддршка на производството на пченка, за оранжериско, пластеничко и за производство на ран и индустриски зеленчук на отворено, а дел се однесуваат на фуражни култури и на одгледување ситен добиток. Секоја година Владата го зголемува фондот за субвенционирање на земјоделството и на сточарството, а процедурите за поднесување документи се поедноставуваат и на апликантите им се олеснува можноста да добијат помош. Драстично е помал интересот за користење на фондовите ИПАРД затоа што пристапот до ЕУ-средствата налага најпрво вложување сопствени пари.

Поднесени 5.300 барања за субвенцииВкупно 5.300 земјоделски производители од Струмичкиот регион годинава поднеле барања за субвенции.

Повеќето апликации се за поддршка на производството на пченка, за оранжериско, пластеничко и за производство на ран и индустриски зеленчук на отворено, а дел се однесуваат на фуражни култури и на одгледување ситен добиток.

„Секоја година Владата го зголемува фондот за субвенционирање на земјоделството и на сточарството, а процедурите за поднесување документи се поедноставуваат и на апликантите им се олеснува можноста да добијат помош“, вели Бори Галев, раководител на Подрачната единица за земјоделство, шумарство и водостопанство во Струмица.

Драстично е помал интересот за користење на фондовите ИПАРД затоа што пристапот до ЕУ-средствата налага најпрво вложување сопствени пари.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik